Почетна / Серии / Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома,
видим твог живота део
склапам очи и тешим се
да си нешто друго хтео.

Напољу је вучје време
страх од неких тамних ночи,
на том путу од живота,
изабери куд чеш почи.

За сите носталгичари и фанови на една од најпознатите и најгледани српски серии, ве информираме дека од понеделник до петок веднаш по централниот дневник на РТС (кабловска РТС Свет), ќе имате неверојатна прилика да ја следите – “Среќни луѓе”.

Серија од перото на Синиша Павиќ која достигна неверојатна популарност во сите земји од бивша Југославија. Првата снимена серија од Радио телевизија Србија, по распадот на Југославија. Серија снимена во едни тешки времиња но за едни незаборавни сеќавања.

Повторно со нас – фамилијата Голубовиќ. Да се потсетиме заедно на едно скромно и топло време, на едни убави семејни вредности и на автентичност каква што ретко денес може да се сретне.

Да се насмееме сите со Риска и Аранѓел, но и да ги следиме драматичните случува во животот на синот Вукашин, снаата Лола и внуците Неца и Ѓурѓина.

Среќните луѓе се повторно со нас, од понеделник до петок во 20.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарна мини серија „Оваа Англија“ секоја сабота на МРТ 1

Драма по настаните околу премиерот Борис Џонсон и неговата влада наспроти првиот бран на Ковид-19. …

error: Содржината е заштитена!