Од понеделник до петок на кабловскиот Fox Life имате повторна шанса да уживате со вашите сакани “Очајни домаќинки”.
Серијата започна со емитување од првата сезона, а ќе се емитува секој работен ден во 20 часот, со репризно издание наредниот ден во 11 часот претпладне.
“Desperate Housewives” е наградувана aмериканска телевизиска драмедија создадена од Марк Чери, која почна со емитување на 3 октомври 2004 на телевизијата ABC. Низ целиот свет, ја следи публика од над 120 милиони гледачи, а ексклузивно и во Македонија ја следевме преку фреквенцијата на А1.
Серијата е сместена во фиктивната улица Вистерија Лејн, во американското предградие Феарвју. Ги следи животите на четири жени, гледано од очите на нивната почината сосетка, како тие се справуваат со секојдневните нивни проблеми, додека во позадина се откриваат мистериите кои ги менуваат животите на домаќинките.
Бри Ван де Камп е навидум совршена мајка (на двајца тинејџери) која се бори да го зачува својот брак. Линет Скаво е мајка на четири деца која се уште одржува хармоничен однос со сопругот.
Сузан Мајер, разведена мајка во потрага по љубов, која ќе се вљуби во својот сосед Мајк Делфино, кој пак, има своја тајна и секако најзгодната Габриел Солис, поранешна манекенка која го изневерува својот сопруг Карлос со градинарот.
Додека се обидуваат да бидат добри сопруги и мајки, четирите пријателки исто така се обидуваат да откријат зошто нивната пријателка извршила самоубиство.
Откривањето на уценувачкото ливче меѓу алиштата на Мери Алис, касета од сесија кај психијатар во која открива дека нејзиното вистинско име било Ангела, и чудното однесување на нејзиниот вдовец, само повеќе ја разгорува нивната љубопитност во врска со мистеријата на нивната почината пријателка.
Дани | ТВ Пакет