Почетна / МК Сцена / Најтешките моменти од својот живот, Тамара ги преточи во песна

Најтешките моменти од својот живот, Тамара ги преточи во песна

Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој”, а за кој сними и видео запис. Истиот е снимен на неколку локации, а направен е под режисерската палка на Ивона Јо, која е нејзина најголема поддршка. Во видео записот ја гледаме Тамара во едно ново руво, односно различна од се она што досега сме навикнале од неа.

„Херој” е брза и енергична песна која ја враќа надежта во едноставните дела кои внесуваат задоволство и оптимизам во животот. Херојот е Тамара која се обидува да се спаси сама себе во периоди кога била мала и незаштитена. Пораката на овој проект е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех, како што токму тоа го прави Тамара на крајот од видеото, каде што си дава аплауз сама на себе.

Текстот е напишан буквално во еден здив, а зад истиот се потпишува Тамара, која полека но сигурно станува сериозно име меѓу текстописците на македонската музичка сцена. Музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха кои се главните “виновници” за „Херој” и кои ја донесоа оваа песна до нејзината финална верзија во GreenRoom Sound Studio.

Голема благодарност и до Ива Спасовска, како и Афтентика кои се погрижија за стајлингот.

Овој музички проект на Тамара докажува дека со многу труд и напорна работа, може да се биде успешен во реализирање на целите.

Уживајте во „Херој”:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!