Почетна / Серии / Наместо премиери, Алфа со репризи – репризно босанска серија

Наместо премиери, Алфа со репризи – репризно босанска серија

Конакот кај Хилмија е телевизиска серија од Босна и Херцеговина, која беше снимена во 2017 и 2018 година во режија на Елмир Јукиќ, а сценарио на Феѓа Исовиќ.

Проектот е еден вид продолжение на повеќегодишната серија Луд, збунет, нормален од истиот сценарист. Дејството на серијата е сместено во окупираното Сараево за време на Втората светска војна. Сите го посетуваат Конакот на Хилмија: од комунистички илегалци, усташи, четници, војници на дивизијата Ханџар, па сè до германските војници и командантот на градот, каде си прават заговори пред нос во кои националните интереси стануваат помалку важни од личниот материјален интерес.

Ова интересно место дополнително ќе го зачинат двајца рудари, партизански илегалци скриени во подрумот на гостилницата, кои имаат задача да ископаат тунел до германскиот магацин за оружје.

Серијата беше емитувана лани, а сега повторно со реприза на програмата на Алфа. Од понеделник до петок во 18.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите мистерии, дознаваме секоја сабота на Телма

Можните објаснувања за некои од најзбунувачките настани во светот во нова едночасовна документарна серија која …

error: Содржината е заштитена!