Додека на сите национални телевизии гледаме премиерни серии, на Алфа телевизија цела сезона се прикажуваат репризи на веќе многупати досега емитуваните српски и домашни емисии. Па така, на ред дојде и реприза на “ДНК” што се емитува во 21 часот, по репризните изданија на веќе прикажаната српска риалити емисија “Стројник”.
Дали една национална телевизија треба на гледачите во ударни термини да им понуди репризи? Дали гледачите на Алфа ќе имаат можност да видат нешто ново и премиерно наместо многупати веќе прикажани содржини?
И не само во прајмтајм. И во текот на денот се емитува реприза на турска серија која веќе со голем успех претходно се емитуваше на Канал 5 телевизија. И додека во континуиттет се прикажуваат репризи, премиерните српски серии “Вистини и лаги” и “Игра на судбината”, како и бугарката медицинска драма “Украден живот” беа прекинати на оваа фреквенција.
Дани | ТВ Пакет