Почетна / Серии / Наместо премиери, државната МТВ со втора реприза на серија

Наместо премиери, државната МТВ со втора реприза на серија

МТВ со реприза и на скандинавската трилер серија “Арн Дал” во 21.30 часот и тоа по втор пат репризно емитување откако лани беше веќе и еднаш репризирана. Истовремено серијата се емитува и на 1 ТВ, што значи ова е веќе четвртто емитување на телевизија.

Екранизација на серијалот на романи на Јан Арналд, кој овие дела ги издал под псевдонимот Арн Дал. Екранизирал вкупно 10 романи, секој по 180 минути. Арн Дал се смета за еден од најдобрите скандинавски писатели на крими романи. Неговите книги се продадени во повеќе од 4 милиони примероци и се преведени на над 30 светски јазици.

Серијата претставува вистинско уживање за љубителите на жанрот „нордик ноар“, а во средиштето на овој мрачен трилер се наоѓа тим од одлични детективи и стручни лица кои максимално се посветени на работата. Злосторствата што ги истражуваат се свирепи и многу комплексни, а тимот мора да ги открие внатрешните мотиви на извршителите и нивните скриени цели. Серијата е скандинавски мрачна, одлично направена, и повеќепати наградувана.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!