Актерката Неслихан Атаѓул Доулу дефинитивно ја напушта телевизиската серија “Ќерката на амбасадорот”. Како што веќе пишувавме, Наре има здравствени проблеми со синдром на тн нервозни црева, па поради тоа, дефинитивно нема да биде во можност да продолжи со снимање на турската драма.
Продукцијата веднаш нашла замена за актерката, па така во серијата на нејзино место влегува Туба Бујкустун, позната како Аси од истоимената серија.
Оваа актерка му беше партнерка на главниот актер и во серијата “Пари и љубов”, емитувана пред неколку години на Канал 5.
Дани | ТВ Пакет