Најперспективен македонски возач автомобилист, Ристо Вуков Рико викендов ќе ја вози својата прва трка на стартот на Купот Порше Карера Италија 2020 чиј почеток беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.
Македонскиот автомобилист и покрај неизвесноста поради ограничувањата на границите, сепак успеа да замине во Италија и ги извози првите подготвителни кругови на патеката Муџело со своето возило Порше Карера, тестирајќи го возилото и запознавајќи се со патеката.
Рико седнува во порше, возило кое е меѓу најспектакуларните во светот на автомобилизмот, што е за него е огромна шанса, но воедно и одговорност.
Во сабота (18 јули) е првата трка со почеток од 16:00 часот, а истата ќе оди во директен пренос на МТВ 3, како и во недела (19 јули) кога започнува од 9:50 часот.
https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/2594670914082982/?t=26
Дани | ТВ Пакет