Поради тоа што Македонската Радиотелевизија две години по ред се откажа од учеството на Евровизија, нашите автори напишаа песни за земјите од регионот. Песна на Дарко Димитров учествуваше на изборот во Албанија иако не победи. A вечерва, пак, е хрватскиот избор за Евровизија – ДОРА 2024, каде по двете полуфиналиња, вечерва во финалето ќе ја чуеме песната на Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов, Дијаманти во изведба на хрватската пејачка Натали Балмикс.
Сепак главен фаворит за победа е Ваву Lasagna, но кој ќе биде хрватскиот претставник останува да видиме. МРТ уште не објавила дали наскоро планира да се врати на главната Евровизија, иако редовно учествува на јуниорската Евровизија, а фановите на евровизиските групи наголемо бараат нашата земја да се врати како дел од овој светски спектакл.
Во недостаток на наши песни и наш претставник на Евровизија, ни останува да навиваме за нашите автори и нивните песни во другите земји.
Дани | ТВ Пакет