Документарниот канал National Geographic Channel започна со емитување во widescreen 16:9 формат наместо досегашниот 4:3
NGC најави емитување во овој формат пред неколку недели со цел сателитските и кабловските оператори да се подготват за промена во дистрибуцијата на каналот. NGC е во понудата на сите македонски ТВ оператори.
NGC неодамна објави дека од 10-ти јули сите програмски содржини ќе се емитуваат во формат на слика 16:9 бидејќи голем дел од содржините се веќе достапни во овој формат. Неколку документарци кои се снимени во формат 4:3 ќе бидат прилагодени за widescreen формат.
Регионалниот директор на National Geographic Channel за централна и источна Европа, Карлос Ортега, изјави дека приказот на ТВ каналите во widescreen била една од долго подготвуваните и планирани активности со кои каналот ги исполнува потребите на гледачите.
Martin M. | ТВ Пакет