Почетна / Серии / Не прв пат, не втор пат, туку по трет пат – „Калкански кругови“ на Телма

Не прв пат, не втор пат, туку по трет пат – „Калкански кругови“ на Телма

Лето на национална телевизија без премиерни. Лето не само на репризи, туку репризи на репризите. Следна во редот од 11 август во 20.30 часот е “Калкански кругови”, српска хорор мистерија. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на серијата :

Таткото на Миона, Дејан (Воин Ќетковиќ), се обидува да ја оттргне својата ќерка од лошото друштво. Ќе одлучи да го остави градот и бизнисот како архитект и заминува во родното село на татко му. И покрај отпорот на ќерка му, тој се обидува да ѝ се доближи и да го надополни времето изгубено со неа додека тој ја градел својата кариера …

Во семејната куќа ги дочекува чичко му Велибор (Жарко Лаушевиќ). Во селото го запознава Макс, бизнисмен вратен од Базел кој инвестира во хотелски комплекс и му нуди работа во неговата градба.

Местото на кое треба да се гради се вика Забран. Но, тука лежат тајните на Калканските кругови….

Мистериите на Калканските кругови покрај Воин Ќетковиќ и Жарко Лаушевиќ, ги разоткриваат легендарните Милутин Мима Караџиќ и Весна Чипчиќ, атрактивната и талентирана Наташа Нинковиќ, младата хип-хоп пејачка и актерка Ивана Зечевиќ, Нела Михајловиќ, Нина Јанковиќ, Бранка Пујиќ и многу други.

Автор и сценарист на серијата е Ѓорѓе Милосављевиќ, а режисер на Калкански кругови е Милан Караџиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!