Почетна / Филм / Неделна вечер на МРТ 1 со сатирична комедија на Вуди Ален

Неделна вечер на МРТ 1 со сатирична комедија на Вуди Ален

Сатиричната комедија на познатиот режисер Вуди Ален е духовит и многу интересен филм во кој легендарниот американски филмаџија уште еднаш се исмева себеси.

Вал Воксман (Вуди Ален) е почитуван филмски режисер кој, по одличните достигнувања во 1970-тите и 1980-тите, паднал во снимањето на телевизиски реклами. На помош му доаѓа неговата поранешна сопруга Ели (Теа Леони), која живее со сопственикот на голема холивудска продуцентска куќа.

Меѓутоа, за време на подготовките Вал наеднаш ослепува, што набрзо го доведува до хистерична параноја, но со помош на пријателите решава да го прикрие проблемот и да продолжи со снимањето на проектот од кој освен Вал многумина зависат.

Недела, 9 фебруари, 20.50 часот, МТВ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британската биографска мелодрама за „Дамата“ во петок на МРТ 1

Од француско-британската продукција, во режија на познатиот Лук Бесон, доаѓа оваа фантастична љубовна приказна, во …

error: Содржината е заштитена!