Oва лето, од понеделник до петок на Телма во 19.40 часот ќе се репризира американскиот ситком “Trial & Error” во 23 продолженија. Претходно серијата беше два пати емитувана, а во недостиг на премиерна програма, Телма повторно ќе ја прикажува ова лето.
Серијата го следи адвокатот од Њујорк, Џош Сегал кој заедно со неговите ексцентрични локални соработници (Бојер и Шепард), решаваат два интересни судски случаи во измислениот мал град Ист Пек, Јужна Каролина.
Првиот случај е за еден чуден професор по поезија кој си ја убил саканата сопруга.
Дани | ТВ Пакет