Секоја сезона на друга телевизиска фреквенција. Без Драган Вучиќ не се може. Познатиот македонски водител од есен ќе го гледаме повторно на ТВ, и тоа за прв пат во кулинарско шоу на Телма.
„Од октомври ќе се емитува најновото шоу кое ќе се вика „Гурмански муабети“ и ќе оди на Телма ТВ. Концептот на шоуто е готвење со познатите личности од поранешна Југославија, кои заедно со готвачи ќе ги подготвуват нивните омилени јадења. Емисијата ќе се снима во Белград, Загреб и во Сплит“, открива Вучиќ за Женски магазин.
Минатата сезона, неговата емисија со разговори во скопските автобуси се емитуваше на 1 ТВ.
Дани | ТВ Пакет