Навистина ли беше ненамерно?
Велат дека технологијата не е за секој, а тоа најдобро го знае 26 годишната актерка Алисон Пил, позната од драмската серија на HBO, „The Newsroom“. Имено, неискусната твитерџика ненамерно објави разголена фотографија на својот профил, а веднаш потоа следуваше извинување од нејзина страна:
„Да, таа фотографија се случи. Изгледа дека моите технолошки способности го достигнаа врвот“, напиша самата на профилот.
Коментарите се поделени, некои сметаат дека Пил тоа го сторила намерно за да привлече внимание, а други пак ја советуваат разголените фотографии да не ги чува во иста папка со оние што планира да ги објавува јавно. Како и да е, ова не е прв, а веројатно ни последен пат Алисон Пил да ги покаже голите гради пред камера. Во 2004. година тоа го стори без проблем за потребите на филмот „Dear Wendy“.
Chris | ТВ Пакет