Почетна / Сапуници / Прочитајте како започна „Непобедлива љубов“, новата серија на Телма

Прочитајте како започна „Непобедлива љубов“, новата серија на Телма

Од понеделник до петок во 13.40 часот, Телма телевизија продолжува со емитување на латиноамерикански теленовели, кои не се емитуваат повеќе на други национални телевизии како МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа, каде на времето беа доста популарни.

Па така, најновата серија на Телевиса која наиде на одлични критики од гледачите во Мексико, сега и кај нас. Во продолжение, прочитајте како започна приказната за љубовта и одмаздата :

На брегот на Пацификот се запознавме со Марена Рамос, млада девојка што продава риби на плажата. Еден ден, таа ќе доживее несреќа што случајно ќе ја предизвика Гаел Торенегро, младиот наследник на пиварници низ Мексико, со неговиот скутер.

Плашејќи се од бесот на татко му, тајно ја носи Марена на рехабилитација кај привлечниот Адриан. Со текот на времето, Гаел и Марена почнуваат да чувствуваат силна меѓусебна привлечност, но и Адриан има силни емоции кон неа.

Марена возвраќа на љубовта на Гаел и останува бремена со близначињa, иако тој е против раѓањето на децата плашејќи се од неговиот злобен татко.

Една ноќ, Марена и Адриан ќе ја откријат мрежата за трговија со жени зад која стои Рамзес Торенегро, таткото на Гаел. Марена го осудува Рамзес, но неговиот одговор е безмилосен и фатален за нејзиното семејство.

Тој ги убива нејзините мајка, татко и сестра, а кога таа ќе се породи со близнаците, Рамзес ќе ја запали болницата, но зема едно од новороденчињата. Другото новороденче го зема Адриан и го расте во неговото семејство. Сега сите веруваат дека Марена е мртва.

15 години подоцна, што всушност се случило со нејзините деца? Желбата за одмазда повторно ги спојува Марена и Адриан, таа во потрага по своите деца, а Адриан желен за одмазда заради смртта на својата љубов. Сега таа е Леона Браво, која има само една единствена цел.

Да влезе во светот на моќниот Рамзес Торенегро, човек вмешан во валканиот бизнис со трговија со луѓе, со цел да му се одмазди за нејзината лична трагедија што ја преживеа во минатото… Таа и Адриан, кој сега е Давид, го започнуваат својот план за одмазда.

План што ќе ги донесе до куќата и компанијата на Торенегрови, каде патиштата ќе им се вкрстат со членовите на богатата фамилија. Леона е на чекор од нејзините деца, несвесна дека тие се тука, блиску до неа. Синот е растен со Давид, а ќерката растена во луксуз кај Торенегрови.

Не пропуштајте ги заплетите и неочекуваните интриги во “Непобедлива Љубов”, ексклузивно на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!