Кораима Торес, позната за македонската публика по улогата на Касандра во истоимената популарна венецуелска теленовела, потврди дека е заразена со коронавирусот.
“Потврдено. И покрај тоа што се пазев, сепак ете се заразив. Тестот за Ковид е позитивен, изненадена сум” – сподели 47-годишната актерка со селфи на својот профил на Инстаграм, каде изгледа навистина збунето и зачудено.
Сепак, успеа малку да ги утеши фановите па додаде “Сепак, со малку кафе, сето тоа изгледа подобро.”
Дани | ТВ Пакет