Новата кампања на Nike , “Пронајди Ја Својата Брзина” се состои од екипа врвни спортисти која има за цел да го инспирира секого да го истрча својот најбрз километар.
Како што знаат сите кои редовно трчаат, да се стане побрз не е лесно. Nike кампањата “Пронајди Ја Својата Брзина” ги спојува заедно најбрзите светски атлети за да ги инспирираат спортистите да трчаат или да тренираат со својата најголема брзина ова лето. Без разлика дали се подготвувате за својот прв километар или се обидувате да го надминете својот личен рекорд, вие ова лето ќе бидете инспирирани да станете побрзи.
Предизвикот започнува на 6ти јули како и првиот тренинг на првиот Мастер тренер, a тренингот на Мари Пурвис, наречен како “спремен-на позиција-ZOOM” (ready-set-ZOOM), започнува на 7 јули. Потоа, на секои две недели ќе биде лансиран нов тренинг од различен Nike Мастер тренер, нагласувајќи ги различните видови на тренинг кои треба да ве подготват да бидете побрзи, како на пример тренинг со висок интензитет, јога и тренинг за зголемување на силата.
На 30ти август, ќе бидете предизвикани да трчате најбрзо што можете заедно со Nike+Run Club и елитата светски спортисти забрзувајќи кон победата во Пекинг. Информирајте се за Предизвикот: Пронајди Ја Својата Брзина преку следење на известувањата од Nike sport feed на NTC апликацијата.
Летото секогаш поминува брзо , но ова лето, тоа може да биде уште побрзо.