Плоштадот во Скопје ќе биде збогатен со уште еден грандиозен споменик кој со својата висина ќе ги засени сите досегашни. На поранешната локација на чевларот „Кенан“, предвидена е изградба на 30-метарски споменик на Мајка Тереза. Во новиот план за општина „Центар“ која, веројатно ќе биде преименувана во „Александрија“, стои и дека ќе се гради и подземна сообраќајница до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе почнува од катната гаража до Беко, а ќе продолжува до „Технометал-Вардар“ на улица „Македонија“. Граѓаните на оваа метропола ќе добијат и нов мост спроти Поштата за панорамското тркало, како и два нови сплава на реката Вардар. Булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“ на своите краеви ќе добијат кружни текови во чии средини ќе се постават споменици.
Chris | ТВ Пакет