Почетна / Спорт / Нов успех во таеквондо: Стојановски освои сребро на ЕП за кадети

Нов успех во таеквондо: Стојановски освои сребро на ЕП за кадети

Теодор Стојановски од таеквондо клубот Бутел освои сребрен медал на Европското првенство за кадети што се одржа во Тирана, Албанија.

Нашата нова голема надеж во овој спорт во категоријата -49 килограми направи сензација и стигна до големото финале. Тој претходно беше подобар од Хараламбос Хаџимаврос од Кипар, потоа го совлада Украинецот Јарослав Вечирко, а во полуфиналето го победи Шон Џита од Велика Британија и интересно сите борби го доби доминантно со 2-0 во рундите.

Во големото финале Стојановски загуби од Нора Бранж од Франција со 2-0.

„Овој релевантен, историски младински успех за македонскиот спорт, е права реткост за домашниот спорт. Сребро на официјално европско првенство во олимписки спорт е вистинска насока дека македонското таеквондо го задржува приматот на водечки и најтрофеен домашен спорт“, се вели во соопштението на Македонската таеквондо федерација.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна 13. меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје Опен 2024“

Во спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден започна 13. Меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје Опен …

error: Содржината е заштитена!