Почетна / Телевизија / Прва дружба со песни во „Мерак меана“ во недела на Сител

Прва дружба со песни во „Мерак меана“ во недела на Сител

Секоја недела во 14.30 часот на Сител телевизија се емитува најновата домашна продукција “Мерак меана”. Седенка се збира за бескрајна рапсодија на боемите. Седенка во која мераклиите мерак песни од срце ќе испеат, песни што душа ќе разгалат, песни што се паметат и мерак дружби што се прераскажуваат.

Музичка емисија во која ќе се чујат најубавите песни од Македонија и Балканот, а тие песни ќе ги пејат нашите најголеми естрадни ѕвезди од фолк сцената. Водител на емисијата е познатиот актер Љупчо Тодоровски – Упа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!