По завршетокот на мексиканската теленовела “Непобедлива љубов”, Телма телевизија за своите гледачи во 13.45 часот продолжува со уште една нова серија од продукцијата на Телевиса.
Теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги ќе ги гледаме Ливија Брито (Пепелашка) и Освалдо де Леон (Украдена љубов), а во улогата на негативка ни доаѓа Анет Мишел, позната како опасната Барбара од мегахитот “Кога ќе бидеш моја / Палома”.
„Рудници на страста“ е името на оваа интригантна приказна која наскоро ќе имате прилика да ја следите на Телма.
Дани | ТВ Пакет