„Сиси“ го следи извонредниот живот на царицата Елизабета од Австрија. Модерен, искрен и автентичен. Раскажана од перспектива на нејзините најблиски и надоверливи пријатели, серијата фрла нов поглед на животот на царицата и открива повеќеслојна жена која фасцинира со нејзиниот став, нејзината храброст и нејзините противречности.
Младешката Сиси еволуира во царица Елизабета. Жена која живее извонредно тежок живот, но по свои услови: самоуверена, слободна, независна – и подготвена да ја плати цената за тоа.
Она што беше принцезата Дијана во 80-тите, царицата Сиси беше во 19 век. Европа ја обожавала, а жените се восхитувале на нејзината коса, фустани и лице на портретите кои стигнале до јавноста.
Според повеќето историчари, царицата Сиси била навистина опседната со својот изглед. Нејзин заштитен знак бил долгата коса, која царските фризери ја средувале по три часа дневно. Таа имала и долга рутина за нега на лицето, и, наводно, цел живот спиела без перница за да не добие брчки.
Има и некои бизарни тврдења за навиките на царицата, како што е фактот дека таа ги вадела сите побелени влакна и секоја вечер се капела исклучиво во магарешко млеко. Сиси постојано вежбала за да ја одржува фигурата, а откако наполнила 32 години, царицата забранила да ја сликаат и фотографираат бидејќи сакала зад неа да останат само слики и фотографии кога била млада и убава.
Елизабета од Австрија уживала во уметноста и книгите, а пишувала песни под псевдонимот Титанија. Исто како во серијата, така и во реалниот живот Сиси се омажила за својот братучед, императорот Франц. Бракот го договориле нивните мајки, кои биле сестри, со цел да се зачува силата на тогашната хабсбуршка империја.
Нова серија во германско австриска продукција на Телма. Од понеделник до петок во 20.20 часот.
Дани | ТВ Пакет