Новата телевизиска сезона на Алфа ги вклучува и добро познатите политичко дебатни емисии.
Па така, секој работен ден по централните вести, Љупчо Цветановски, Бојана Димитријевска Марковска, Искра Корвешовска, Анастасија Илиевска, Елена Марковска Цветановска се домаќини на интересни и возбудливи дебати за актуелните случувања на политичката општествена сцена во Македонија.
“За или против” со гостите и гледачите во 18.15 часот на Алфа.
А ноќниот термин, 22.30 часот е резервиран за “Заспиј ако можеш” со познатото дуо Горан Момироски и Драган Милосавлевиќ. Анализи, критики и разговори во живо следиме од понеделник до петок на телевизија Алфа.
Дани | ТВ Пакет