Нова сезона, нови содржини, нова програмска шема. Најгледаните холивудски блокбастери и европски филмови, најновите и најпопуларни балкански серии и сапуници, повторно турска теленовела на барање на гледачите. А, меѓу сето ова, добро познатите политички емисии и магазини.
Алфа во есенската телевизиска сезона влегува амбициозно како никогаш досега. Програмскиот уредник, Методи Алексов, објаснува дека новата програмска шема е внимателно составена за да понуди по нешто за секој сегмент од публиката.
– Алфа полека но сигурно се приближува кон врвот на македонските телевизии, вели Алексов кој додава дека со квалитетот на програмата и довербата од публиката сме веќе таму, а наскоро ќе бидеме и со бројот на гледачи – велат од телевизијата.
По огромниот успех на „Бистра вода“, а која наскоро ќе се емитува и во Босна а веројатно и на други странски пазари, Алфа без никаква помош од државата продолжува да инвестира во сопствена продукција, а во фаза на подготовка се неколку нови проекти.
Дани | ТВ Пакет