Ги пробавте сите диети за кои слушнавте, но не ви дадоа ефекти? И вие сте од оние кои пробаа разни фитнес и спортски активности и се откажавте?! Имате желба да ослабете, имате и голем мотив! Тогаш сте идеалниот кандидат кој го бара тимот на Канал 5.
Канал 5 Телевизија и емисијата Диетално Максимално можат да ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми и да започнете со нов и здрав начин на живот со стручен тим.
Пријавете се, доколку сакате да ослабнете здраво под надзор на врвни професионалци и да учествувате во емисијата Диетално Максимално на Канал 5 Телевизија. Целта е за само неколку месеци да ја добиете посакуваната тежина. Ќе добиете комплетно бесплатна програма и ќе има вредни подароци за најуспешниот.
Пријавете се на [email protected] или со порака на телефонскиот број 077 / 555-566 каде треба да наведете: име и презиме, возраст, килограми и контакт телефонски број.
Дани | ТВ Пакет