Емисијата од хуман карактер “Срце на дланка” продолжува на Алфа со својата трета сезона. Секоја недела во 15.45 часот, Оливера Петрушевска ќе оди во посета на едно или две семејства кои се на работ на егзистенција, многудетни семејства кои освен сув леб и вода одамна не пробале ништо друго, но, ќе посетува и семејства кои немаат покрив над главата.
Секое семејство ќе ја раскаже својата судбина и како стигнало до состојба на неможност да заработи за основни потреби.
Емисијата има хуманитарно-социјален карактер чија цел е да предизвика емпатија кај поединци и фирми за да се подигне општествената свест и да се посочи кон оние луѓе кои не по своја вина се соочуваат со егзистенцијални проблеми оттука и Алфа со повикот до сите оние кои познавате вакво семејство можете да го пријавите на бројот 075 304 405.
Од тимот на емисијата сметаат дека со посочување на ваквите семејства ќе предизвикаат интерес кај сите кои можат и сакаат да помогнат на овие луѓе, донирајќи им секој според своите можности и желби.
Пред почетокот на новите потресни емисии, проследете ја ретроспективата на првите две сезони :
Дани | ТВ Пакет