На кабловскиот оператор А1 започна со емитување нов канал, кој ќе емитува исклучиво турски серии. Покрај Карадај, Снеговите на љубовта и Пари и љубов, кои се емитуваа во Македонија, следуваат и премиерни серии за телевизиските гледачи.
“Црвена марама” ќе се емитува од понеделник до петок во 16 часот, со репризни изданија во 20.10, 00.15, 04.10, 07.25 и 11.35 часот. Во продолжение запознајте се со содржината :
Асија е млада и тврдоглава девојка, која живее во едно село, заедно со своите родители. Таа е бунтовна и се противи на традицијата која ја налагаат нејзините родители. Еден ден, сосема случајно го запознава исто така сиромашниот Илјаз и двајцата се вљубуваат еден во друг, и покрај противењето на нивните семејства. За Асија, љубовта е сон кој треба да се круниса со брак, а пак за Илјаз, на прво место се мото трките во кои активно учествува постојано.
Илјаз не верува дека минатото може да се повтори и затоа силно верува дека ќе го достигне успехот на брата си, кој починал при една мото трка. Но, и покрај љубовта и бракот со Асија, тој не се менува. Неговата амбиција е посилна од сè друго, па дури и од фактот дека Асија очекува негово бебе. Затоа, двајцата се разделуваат. Илјаз тргнува по патот на славата и богатството, а Асија го запознава Џемзит, кој ѝ ја пружа потребната љубов и грижа која не ја доби од Илјаз.
За Џемзит, убавата Асија и нејзиното дете се олицетворение на неговите жена и син, кои ги изгубил при еден земјотрес и чија загуба постојано ја надополнува неговата болка. И кога сѐ се чини идилично за Асија и Џезмит, во нејзиниот живот се враќа Илјаз. Овојпат богат и успешен маж, кој е решен да ја врати љубовта на девојката со црвена марама.
Дани | ТВ Пакет