Од понеделник (28 октомври) во 21.20 часот на телевизија Алфа започнува нова турска серија “Големата одмазда”. Од понеделник до петок, веднаш по политичкиот магазин ќе ја следите приказната за одмаздата на еден човек, во потрага по изгубениот брат и сестра.
Џанан е млада и несреќна девојка. Нејзиниот татко Халдун сака да ја продаде во договорен брак со богатата фамилија Догхан, но невината душа на Џанан не сака ни да помисли да се омажи со човек кого не го сака. Tаа не може да разбере каков долг има татко ѝ кон таа фамилија, за да она би морала да се омажи со злобниот Саваш, син на исто така бескруполозниот господин Килиџ.
Нејзиното срце бие само за Ајаз Шенѓул, човекот кој ја изгуби љубовта од детството, но претрпе и многу неправди и лоши работи во минатото. Единствен виновник за неговата трагедија е богатиот бизнисмен Килиџ.
Но, Ајаз ќе мора да ја напушти саканата затоа што неговата цел, сега, е само една – големата одмазда кон тие што му го уништија животот, кон тие што го разделија од брат му и сестричката, кон тие кои се виновни за смртта на неговото семејство и смртта на неговата љубов од детството.
Трагите на неговата потрага водат кон богатото семејство Догхан, но злобниот Килиџ нема туку така да дозволи некој да ја урне неговата империја. Со уцени, киднапирања и убиства, тој ќе се бори против оние кои сакаат да го разоткријат, но и со сите сили ќе го тера својот син Саваш да се ожени со младата Џанан.
Дани | ТВ Пакет