Почетна / Серии / Новата цртана адаптација за „Пинокио“ во викенд детскиот блок на Сител

Новата цртана адаптација за „Пинокио“ во викенд детскиот блок на Сител

Нова детска серија во викенд блокот на Сител телевизија. Секоја сабота и недела наутро околу 10.30 часот се емитува “Пинокио”, новата адаптација на познатата книга за деца од италијанскиот автор Карло Колоди.

Дрвената кукла чиј нос расте при секоја кажана лага овојпат го гледаме во друштво на интересни и забавни другарчиња. Куклата пират Фрида и мрзливото Штурче заедно со Пинокио прават трио секогаш подготвено за авантура.

Ниту едно место не е премногу далеку за нив, како што ниту еден предизвик не им е премногу тежок.

Од обично дрво до кукла која зборува. За мајсторот Ѓепето, оваа дрвена кукла станува негово дете, а палавштините на тоа дете ќе ве забавуваат овие месеци на ТВ Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандската трилер серија „Феникс“ премиерно на Телма

Зад мирниот живот на Брабант се крие мрачен свет на добро организиран криминал со дрога. …

error: Содржината е заштитена!