Од понеделник до петок на кабловскиот AXN, следува нова теленовела од продукцијата на Телемундо. “Обожавателка” ќе ве насмее и разнежни од понеделник до петок во 12.40 часот, со реприза утредента пред премиерната епизода.
Валентина Перез, која пријателите ја нарекуваат Вале, е едноставна, радосна и скромна девојка, голем фан на актерот Лукас Дуарте, најголемиот заводник од светот на теленовелите. Нивните животни патишта се вкрстуваат благодарение на судбината, или можеби среќата, магијата …
Небитно. Вале случајно ќе налета на нејзиниот идол, облечена во огромен костум за пица и додека таа верува дека таа му го спасила животот, тој полудува бидејќи таа всушност успеала да го уништи снимањето на важна сцена за неговата нова теленовела. Тоа е нивната прва, но не и единствена средба.
Имено, менаџерот на Лукас, Габриел, има идеја да организира наградна игра за фановите на Дуарте, знаејќи однапред дека ќе ги отплетка конците за сите учесници, така што победник ќе биде Валентина, претседателката на фан клувот. Најжестоката обожавателка на Лукас добива конечно можност да оди на ручек со нејзиниот идол. И овојпат навистина да си ја оправда грешката од пред некој ден и да му го спаси животот.
Благодарен што станала негов ангел чувар, славниот актер ја ангажира како негова лична асистентка. Тогаш, всушност, сите маски почнуваат да паѓаат – Валентина сфаќа дека нејзината платонска љубов воопшто не е совршениот човек кон кого мечтаела. Таа станува свесна за неговите каприци, недостатоци и грешки.
Но, тоа не ја спречува да го сака сè повеќе и повеќе секој ден. Од друга страна, како одминува времето, тој исто така почнува да се за заљубува во неа, фасциниран од нејзината духовитост, љубезност и харизма. Сепак, она што започна како слатка љубовна приказна може да има горчлив крај. Имено, Лукас е татко на малиот Томас, син на покојната пријателка на Валентина, Лусија.
Не знаејќи го тоа, Вале го сака всушност човекот кој треба да го мрази од дното на душата, бидејќи тој ја остави нејзината пријателка кога дознал дека е бремена. Кога ќе ја сфати вистината, најжестокиот обожавател на Лукас, Валентина станува растргната меѓу љубовта и омразата, наивноста и горчината. Работите стануваат уште повеќе комплицирани кога нејзиниот најголем ривал ќе излезе на сцената: љубоморната и посесивна девојка на Дуарте, Салма.
Улоги : Анхелика Вале (Вале), Хуан Пабло Еспиноса (Лукас), Скарлет Ортиз (Салма), Химена Дуке (Адријана), Габриел Порас (Габриел), Мигел Варони (Џастин) …
Дани | ТВ Пакет