Дојде време да се посвети внимание и на филмаџиите во Македонија. Проектот кој ќе ја заживее кино мрежата, односно ќе ги активира 14-те веќе постоечки кино сали и ќе ја оспособи кино-опремата која повеќе не е во функција, чини 11 милиони денари и ќе се реализира во три фази за три години, известува порталот Курир. Првата фаза оваа година во функција ќе ги врати кината во Куманово, Охрид, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Неготино и Кочани, а во втората фаза ќе бидат опфатени Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево. Третата фаза е одредена за Велес, Струмица и Делчево.
Македонија моментално располага само со четири кино сали, од кои три се во Скопје и една во Битола.
Chris | ТВ Пакет