Новинарката Наташа Стојановска од сега ќе ја гледаме во информативната програма на телевизија Телма. Уредничката на ТВ 24 станува дел од политичката дебатна емисија “Топ тема” на Телма, која се емитува од понеделник до петок во 19.15 часот.
По претходното новинарско искуство во А1 и Алсат, следуваше ТВ 24 за Стојановска, каде ги пратеше сите политички случувања од Владата, од кај Претседателот, од Собранието, а забележителни ќе останат и нејзините белешки за случувањата во Парламентот на 27 април, како и бројните интервјуа во 24 Анализа.
Професионалната надградба, Стојановска ја продолжува овојпат во Телма по поминати повеќе од 2 ипол години во 24ка.
Дани | ТВ Пакет