Почетна / МК Сцена / „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски е номиниран за наградата „Импала“

„Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски е номиниран за наградата „Импала“

Албумот „Тафталиџе шафл“ на Влатко Стефановски е номиниран за најдобар албум во Европа и за наградата Импала, заедно со уште 24 албуми. Наградата ќе се доделува единаесетти пат, а номинираните албуми ги избраа членовите на Регионалното здружение на независни дискографи (РУНДА).

Дваесет и петте номинирани албуми се со различни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска музика, дански блуз и еклектичен музички израз на британски изведувачи.
Извршниот директор на Импалина, Хелен Смит, рече дека оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми.

„Ова е одличен начин да се сврти вниманието кон одлични музичари кои доаѓаат од различни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер в грб за добар почеток на 2021 година“, вели Смит.
Издавачот на „Тафталиџе шафл“ е хрватската дискографска куќа „Кроација рекордс“. Тие велат дека новиот албум на македонскиот виртуозсигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика.

„Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце. Песните се интимни и лични, а сепак толку блиски до сите поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни се на Влатко, снимени во неговото студио ‘Езотерија’“, стои во објавата на „Кроација рекордс“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!