Почетна / Забава / Новогодишен концерт со најпознатите валцери и полки од Штраус

Новогодишен концерт со најпознатите валцери и полки од Штраус

Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни!Доаѓа Новата…“ на Македонската филхармонија ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс.

Eлена Митревска завршува студии по хорско и оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, каде дипломира со почести. Член е на хорот „Арнолд Шенберг“ во Виена седум сезони, при што работи на оперска и концертна репертоар со диригенти како што се Николаус Харнонкурт, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ретл, Рене Јакобс и Корнелиус Мајстер, меѓу другите. Од 2012 година таа е асистент-диригент и хор-мајстор во истиот хор за концерти и оперски продукции во „Theater an der Wien.“Во декември 2014 година ја добива наградата од фондацијата „Ервин Ортнер“ за промовирање талентирани млади музичари во областа на хорското диригирање. Митревска диригира со оркестри како што се камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, Виенскиот камерен оркестар, Македонската филхармонија, Овиедо Филхармонија и Оркестарот на Операта во Малме. Во ноември 2022 година поканета е како диригент во продукцијата на „Дон Џовани“ во Операта во Овиедо. Таа е хор-мајстор во истата од 2016 до 2020 година, а гостин хор-мајстор во Националната опера Лион, Франција во 2021 година. Од 2020 година ја врши истата функција во Операта во Малме, каде што има претстојни продукции, вклучувајќи ја улогата на диригент за операта „Кармен“ од Жорж Бизе во сезоната 2025/26.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мира Шкориќ ќе биде гостинка на концертот на Аца Лукас во Скопје

ајголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан …

error: Содржината е заштитена!