И оваа година најчесто поставуваното прашање во декември беше: Каде за Нова Година? Телевизија Телма сепак го имаше најдобриот одговор. Во топлината на својот дом и традиционалната новогодишна трпеза на 31 декември, од Македонскиот Народен Театар – директно во вашите домови се случи вистинска Новогодишна галама. Вашите домаќини Јана Стојановска и Жаре Бербер со своите гости имаа одличен дочек на новата 2025 година и уште подобро испраќање на старата 2024та.
Стартот на новогодишната програма на 31 декември започна во 21.15 минути а Јана и Жаре низ разговор и песна ги дочекаа своите гости: Миле Кузмановски, Елена Велевска, ДНК, Стојне Николова, Зуица Лазова, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Стефан Николовски, Анета Молика, Мишел Трајковски и многу други кои заедно со Галама бенд се погрижија атмосферата во вашиот дом да биде славеничка…
Дани | ТВ Пакет