Ексклузивно: Новото лого на МТВ!
Во рекламата за дневникот, МТВ го откри своето ново лого кое е во боите на Македонија!
МТВ во најновата реклама за дневникот која се појави во неколку весници го откри новото лого кое овој пат е во боите на Македонија.
Трендот за едноставни логоа го започна Google, а потоа на истиот чекор се одлучија Microsoft и eBay.
Новото лого на македонската телевизија повеќе ги нема зелената и сината боја, овој пат е направено во боите на Македонија. Новиот визуелен идентитет ќе биде претставен заедно со новото модерно студио за дневникот во недела во 19:30 часот.
Автор | ТВ Пакет