Почетна / Забава / „NYC“ – Колекција на Елена Лука за сезона есен-зима 2019/20

„NYC“ – Колекција на Елена Лука за сезона есен-зима 2019/20

Луксуз, ексклузивен дизајн, уметност, гламур, исклучително квалитетена изработка – го создаваат идентитетот на етаблираниот македонски моден бренд Елена Лука.

Фасцинантниот профил на брендот совршено се вклопува во глобалната слика на светската модна сцена и со сите свои обележја оваа ексклузивна модна куќа припаѓа на модната елита.

Токму во тој контекст е и новата колекција на Елена Лука, наменета за сезоната есен-зима 2019/20, насловена „NYC“, инспирирана токму од ноќнот живот на Њујорк со целиот негов гламур  и луксуз.

Ако се вратите неколку децении наназад ќе видите дека овој град е нешто безвременско, крал на забавите што сите го препознаваме по една диско ера – гламурот на ноќните клубови меѓу кои и легендарниот „Студио 54“. Најголемите светски диви Дајана Рос, Фара Фосет, Лајза Минели, Тина Тарнер, Феј Данавеј, Марго Хемингвеј, Иман, Жаклин Кенеди Оназис, Брук Шилдс итн… ја диктирале светската мода токму од модниот центар Њујорк. Низ историјата можете да најдете фотографии од модната треска која се случувала таму, блескави сатени и свили, нагласени раменици, неонски бои, светки, кратки гламурозни фустани и раскошни кроеви. Токму таа жена од диско ерата во Њујорк, е инспирација за оваа колекција.

Создадена за дами со изострена стилска перцепција, кои ја препознаваат уметноста на модниот дизајн, ова е луксузна модна линија која ќе одговори и на највисоките критериуми.

Креирана со цел да го потенцира идентитетот на модерната  и храбра жена, која бескомпромисно верува во себе, оваа колекција идеално одговара на потребите на современите хероини.

Во нејзината есенција е мулаж техниката, што ја користат само вистинските мајстори на модната уметност. Оваа техника ја дефинира линијата на колекцијата во чиј дизајн се користи висококвалитетен италијански сатен, ексклузивен и единствен по својата естетика и сјај. Ќе ја препознаете и играта со волумен и со форми, преку различно дефинирани композиции со фалти, што ѝ даваат дополнителна артистична содржина на колекцијата.

Женствена и истовремено сексапилна, оваа колекција на Елена Лука содржи луксузни различни парчиња: од асиметрични здолништа, јакни, елегантни панталони, до мини, миди и макси фустани што вибрираат во духот на Њујорк од неговата диско ера.

Моќна како и жената за која е наменета…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!