Излезе од печат Зборникот на трудови „Христофор Жефарович и неговото време“ во издание на „Завод и музеј-Струмица“. Во зборникот се објавени трудови и материјали од вториот научен собир одржан во чест на заштитниците на градот Струмица-Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици што се одржа лани. -Зборникот на трудови содржи реферати прочитани на научниот собир: „Христофор Жефарович“ и неговото време, кој се одржа на 5 и 6 декември 2019 година во организација на Националната Установа „Завод и музеј -Струмица“.
Во предговорот кон изданието издавачите запишале дека Христофор Жефарович претставува забележителна фигура во културната и во духовната традиција на Македонија и на македонскиот народ. Овој истакнат дојранчанец бил зограф, иконописец, бакрорезец, учебникар, печатар, монах, трговец, прв македонски хералдичар и еден од најраните македонски преродбеници. Во средината на XVIII век бил најбараниот уметник на просторот меѓу Солун, Будим и Виена. Жефарович, уметнички се формирал во големите духовни и културни центри на Македонија какви што се Солун, Охрид и Света Гора Атонска и други. Жефарович има и општо балканско и пошироко европско значење.
Заради пандемијата од Ковид-19 годинава не се одржа научниот собир посветен на заштитниците на Струмица.
Дани | ТВ Пакет