Во издание на издавачката куќа „Просветно дело“ е испечатена поетската збирка „Хипербог“, шеста поетска збирка на Стефан Марковски.
За збирката на Марковски, академик Радован Павловски потенцира:
„Наоѓајќи се во својата меѓусебна креативна инспирација, ова „неминато време“ тематски содржи 27 песни во трикатницата на III милениум на три нивоа: потсвесно, свесно и натсвесно. Во својата појдовна креативна точка, младиот поет ја збогатува современата хипермодерна поезија со иновации, коишто звучат информатички во сеопштата хиперглобализација.“
Радован П. Цветковски, пак, коментира:
„…Тука е и оној миг од допирот на смртта со детството. Тука за поетот е животот, стравот, светлината. Наспроти радоста е мигновената илузија за стравот. Сѐ во еден висок стилски редослед, како да разговараме со поетот, доизнесувајќи ја глетката или сликата, живата слика за зборот судбина. Сето тоа се дооформува со значењето на илузијата, заблудата, автоканибализмот, скромноста и монолозите. Ѕвечи фигуративноста, зборот во монологот, обојувајќи го душевно да се слуша што трепери пламнат како да е жив. Ова е линија што го поставува ‘рбетот на стихот и на поетската книга. Паралелно со ваквата линија е и стилот како семе со своја бразда.“
Корицата на збирката ја изработи Натали Николова, а лектурата е на Славчо Пеев.
Дани | ТВ Пакет