Приказна за две фамилии, за кои слогата станува погубна, а љубовта се претвора во омраза. Приказна за голема земја, израсната од пријателство и страст, а уништена од крв и солзи.
Ова е приказна за семејството Кастањеда, од една страна, кои поседуваат огромни земјишта лозје и фамилијата Монтјел од друга страна. За нив, одгледувањето на грозјето и квалитетот на виното се начин на живот и најголема страст во нивните животи.
Глава на Кастањеда е дон Крисанто Кастањеда, голем земјопоседник кој е оженет со Мерцедес и има четири возрасни деца – синовите Емилио и Леонардо, како и ќерките Аурора и Палома. Ќерката Аурора се враќа на имотот на нејзиниот татко, каде ја продолжува љубовната романса со Хуан Хосе, млад, несериозен и проблематичен човек кој е израснат дивјачки во тоа место.
Тој е вонбрачен син на Пако Монтиел, кој пак сега е женет со Наталија и го има синот Луис. Но еден ден и една трагедија ќе ги промени животите на богатите Кастањеда, како и на сите оние кои живеат на нивната земја.
Во една случајна сообраќајна несреќа, животот го губи Емилио, еден од синовите на богаташите, а за несреќата е обвинет и осуден Хуан Хосе, кој го возел камиончето. Така започнува опасната војна меѓу двете семејства, која навестува многу интриги, завери и мистериозно убиство.
Поради несреќата, Хуан Хосе завршува во затвор, а Аурора сфаќа дека нејзиниот живот мора да продолжи, но со достоен човек за нејзиното семејство. Затоа ќе се омажи со семејниот пријател и сплеткарош Роберто, но откако Хуанхо ќе излезе од затвор, повторно се разгорува страста во нејзиното срце.
Од понеделник до петок во 10 часот наутро на Сител, следете ја интересната приказна од продукцијата на Телемундо.
Дани | ТВ Пакет