Почетна / Серии / Од сите телевизии, само Сител и ТВ 24 со премиерна американска серија

Од сите телевизии, само Сител и ТВ 24 со премиерна американска серија

Ако во минатото бевме навикнати на редица американски серии на македонските телевизии, денес е реткост да се погледне некоја. Дури и ако се емитуваат, се во ноќни термини – вон ударните часови.

Па така, да почнеме со ред. Последниве десетина години, една американска серија е задолжителна во програмската шема на ТВ Сител. Но ако до неодамна терминот од 23.30 часот беше резервиран за таква серија, од сега американските серии се емитуваат во 30 минути по полноќ. Моментално се прикажува шестата сезона од процедуралната акциона драма за пожарникарите од “Чикаго ФД”.

ТВ 24 во моментов премиерно за македонската публика ја емитува “Scorpion” во 22.30 часот, серија за тим на генијалци, регрутирани во оделот за дравна безбедност, кој решава да ги користи нивните знаења за сузбивање на тероризмот.

Канал 5 и Алфа како да заборавиле што е американска серија. “Библиотекарите” и “Никита” беа можеби последни такви емитувани на Канал 5 пред неколку години, а на Алфа, лани се емитуваше романтична драма од Hallmark. Оваа сезона ниедна американска серија ниту на Алфа, ниту на Канал 5.

Истото се однесува и за каналите на Македонската телевизија, каде премиерни странски серии не се емитуваат неколку години.

За секоја пофалба е Телма која и во напливот на турски серии на другите канали, остана верна на американската и европската продукција. Од идната седмица на Телма започнува “Менталист”, но таа серија веќе гледачите ја следеа и на МРТ пред неколку години, а лани и на кабловската Нова С.

Американски серии денес не емитуваат ниту албанските телевизии во Македонија (Алсат, 21, Шења, Клан), ниту било која локална телевизија (МТМ, Тера, ТВМ, ТВ8, Нова, ГТВ, Сити, Шутел, Едо, Кис, Морис, Ирис, Стар, Кобра, Визија…).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!