Почетна / Телевизија / Огнен Јанески е новиот главен и одговорен уредник на ТВ 24

Огнен Јанески е новиот главен и одговорен уредник на ТВ 24

Телевизија 24 има нов главен и одговорен уредник откако досегашниот Младен Чадиковски се повлече од функцијата. Познатиот новинар и водител Огнен Јаневски станува главен уредник на ТВ 24. За новата функција, Јанески ќе каже :

Благодарам за довербата од моите колеги и колешки од новинарскиот, техничкиот и од програмскиот кадар, коишто ја посочија довербата во мене, за заедно, како колектив да преземеме обврска за понатамошни издигнувања. Колективот се живее. И така и ќе биде. И особена благодарност и најголем наклон до сите мои гледач(к)и! Зашто без нив, јас никогаш немаше да бидам тоа што сум!

Чадиковски, пак,  беше избран за претседател на Здружението за новинари на Македонија, но ќе остане во тимот на 24ка, но поради тоа што треба да се посвети на обврските и предизвиците во ЗНМ нема да може да ја извршува уредничката позиција.

Телевизија 24 е една од најбрзорастечките телевизии во Македонија, која успеа да ја стекне довербата на граѓаните благодарение на информативната програма. Од оваа сезона, програмата на 24ка е збогатена и со многу забавни емисии, српски квиз, италијанска сапуница и возбудливи американски драми.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!