Почетна / Телевизија / Дали ја помните Џенис од Пријатели? (Oh my God)

Дали ја помните Џенис од Пријатели? (Oh my God)

Сигурен сум дека се сеќавате на популарната серија “Пријатели”, но ме интересира дали го помните и најоткачениот лик што се појави токму во таа серија? Кога велам најоткачениот лик, мислам на Џенис, денес одлучив неа да и посветам малку внимание. Таа беше спореден лик, но остави многу голем белег со својата прочуена фраза “Oh my God”. Успеав да најдам нешто повеќе за историјата на актерката Меги Вилер како Џенис. Да видиме како таа дојде во оваа серија и која беше нејзината улога таму.

 

Џенис, во првите четири сезони од серијата “Friends” се појавуваше како девојка на Чендлер, кон која тој не чувствуваше никакви обврски. Џенис е еден од малкуте ликови што имаа ретка можност да се појават буквално во секоја сезона од серијата, покрај главните шест ликови, се разбира. На Чендлер му претставуваше вистински проблем да се откачи од оваа девојка, таа постојано се појавуваше токму во моментите кога никој не ја очекуваше. Кога ние гледачите ќе го слушневме нејзиното “Oh my God”, знаевме дека следува епизода што ќе не насмее до солзи!

 

 

Во втората сезона, Чендлер беше разочаран оти слушна дека Џенис е во брак и е бремена. По извесен период дојде моментот тој да се запознае со мистериозната жена од интернет. На средбата, за среќа на нас гледачите, но за несреќа на Чендлер, уште еднаш го слушнавме неповторливото “Oh my God”. Во тој момент Чендлер веднаш дозна дека Џенис е жената со која флертувал на интернет, по оваа средба тие останаа во љубовна врска се до третата сезона кога, Џои, ја здогледа Џенис како се бакнува со својот сопруг. Но таа не се откажа лесно од Чендлер, дојде повторно кај него, а тој ја излажа дека заминал во Јемен. Рос исто така имаше своја приказна со овој лик. Во истата сезона го видовме во кратка авантура со Џенис.

 

 

Нејзините гостувања дополнително ја зголемуваа гледаноста на веќе планетарно популарната серија, па затоа продуцентите одлучија дека во секоја сезона верните гледачи треба да бидат “почестени” со нејзиното присуство. Џенис се појави и за да ги растури плановите за венчавката на Чендлер и Моника. Во следната сезона неочекувано застана и пред очите на Рејчел. Двете се породија во иста болница. По пораѓајот, Џенис искоментира дека нејзиниот син ќе биде идниот сопруг на ќерката на Рејчел и на Рос, што дополнително ги вознемири пријателите. Кога Чендлер и Моника одлучија да се отселат од заедничкиот стан и да се вселат во свој дом, таа како слатка напаст повторно се појави веднаш до нивната врата.

Како што минуваа сезоните, пријателите се помирија со тоа дека Џенис засекогаш ќе биде дел од нивните животи. Каков бил вашиот впечаток за овој лик во минатото можете да коментирате подолу, а сега погледнете ги нејзините најдобри моменти во оваа серија.

 

 

* Стилот на покојната Вајнхаус е често споредуван со оној на Џенис од “Пријатели”

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!