Поради тоа што досегашната локација, стадионот „Билјанини извори“ стана препознатлив по организирање на претежно турбофолк концерти со сомнителен квалитет, Авалон продукција реши нивниот OHRID CALLING да биде посебна држава, па затоа се одлучија годинешното фестивалско издание да ја смени локацијата.
https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/videos/379840235969246/?t=22
Па така, најголемиот музички настан ова лето во Македонија, OHRID CALLING (четири фестивалски вечери со учество на 24 интернационални диџеи, помеѓу кои и суперстар диџеите Steve Aoki, Fedde Le Grand, Nervo, Robin Schulz, Kungs, Sunnery James & Ryan Marciano, Vini Vici) ќе се одржи во поранешната охридска касарна.
Објектот е 15 минути пеш од центарот на градот, а три минути пеш од новата автобуска станица.
Следува уште едно спектакуларно издание на OHRID CALLING, во организација на најдобрите, Авалон Продукција.
Дани | ТВ Пакет