Најпопуларните турски актери се враќаат на малите екрани. Пред скоро десетина година ги запознавме во првата турска сапуница емитувана во Македонија, “1001 ноќ”. Шехерезад и Онур ги освоија срцата на гледачите и направија вистинска еуфорична треска секаде каде што се прикажуваше серијата.
По завршувањето на феноменот “1001 ноќ”, Халит Ергенч го гледавме во улогата на султан Сулејман во спектаклот “Величествениот”, а Берѓузар Корел во популарните играни серии “Карадај” и “Мојата тажна песна”. Овојпат, повторно заедно, тие двајца на малите екрани во нова грандиозна серија на Сител телевизија.
“Далеку од дома” е силна љубовна приказна за едно време на војни и завери, која ја карактеризира позната актерска екипа и високи продукциски стандарди. Наскоро на Сител телевизија започнува “Далеку од дома”, а за термините на емитување и содржината, навремено ќе ве информираме.
Дани | ТВ Пакет