Авалон Продукција продолжува со ширење позитивизам во ова време кое е непријатно за сите нас.
– Како што ви најавивме, мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните Електрични Оргазам ќе има и нова локација – известуваат од продукцијата.
Па така, славеничкиот концерт на “Оргазам” ќе се одржи на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo.
Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд. Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.
Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето.
Дани | ТВ Пакет