Поранешните вработени во А1 телевизија се „распродадоа“ како алва веднаш по нејзнината ликвидација. На проектите и на сериите што се емитуваа таму исто така им се најде место на другите канали. Но, опремата на некогашната најгледана телевизија во Македонија сеуште лежи во прав. Имено, старата опрема на телевизијата ја кочи постапката за впаричување на имотот кој остана по ликвидацијата на медиумот. Повеќе од 300 доверители ќе се изначекаат додека да се продаде сиот имот на телевизијата, бидејќи за опремата нема заинтересирани. Главна причина за ова веројатно е фактот дека опремата е веќе застарена, и оти телевизиите почнуваат да се дигитализираат. Мал дел од опремата е купен од локална телевизија во внатрешноста, додека дел од печатницата „Мисирков“ бил продаден на друга печатница во Македонија.
Според Дневник, она што може да се продаде се неколку возила што биле во сопственост на телевизијата која остана должна над 15 илјади евра. Недвижниот имот веќе е под хипотека кај Тутунска банка.
Крис Манев | ТВ Пакет