Секој работен ден по полноќ, Сител телевизија ќе ја емитува крими серијата “Без граници”, снимена од продуцентски куќи од САД, Германија, Италија и Франција. Светската премиера, серијата ја имаше на Телевизискиот фестивал во Монте-Карло на 14 јуни 2013.
Во продолжение, ве запознаваме со содржината :
Поради тоа што Европа станала опасно засолниште на многу криминалци и злосторници од целиот свет, се оформува специјална единица истражувачи кои проблемот ќе го решаваат на глобално ниво. Тие пет детективи на чело со капетанот Луис Даниел, мора да соработуваат заедно, да се привикнат на секакви ситуации и на солидарност.
Водачот на овој тим е мајорот Луи Даниел (Марк Лавуан) од француската полиција. Инспекторката Сиена Прајд (Џеневив О’Рајли) е специјалист за испитување од Скотланд Јард. Истражувачот Себастијан Бергер (Том Влашиха) е гениј за технологија од полицијата во Берлин, Германија.
Наредникот Ева Виторија (Габриела Песион) работи во областа на антимафијата и е специјалист за тајни и скриени операции. Детективот Томи Мековел (Ричард Флад) е експерт за оружје и тактика од полицијата во Северна Ирска.
Детективката-наредник Ан Мари Сан (Мун Дејли) е криминален аналитичар и специјалист за трговија со луѓе. И тука е и инспекторот Мајкл Дорн (Доналд Сатерленд) кој работи во Интернационалниот суд за криминал.
Сместени се во една напуштена зграда под судот, а додека ги бараат и ловат криминалците, се соочуваат со низа бирократски, правни и културолошки препреки. Нивните мети се опасни луѓе од Велика Британија, Германија, Франција, Полска, Русија, Скандинавија и така натака.
Заплетот започнува која њујоршкиот полицаец Карло Хикман му се јавува на Maјкл Дорн (Доналд Сатерленд) за да се приклучи во специјалната единица која се занимава со решавање на меѓународни злосторства.
Улогите ги толкуваат Вилијам Фичнер, Доналд Сатерленд, Марк Лавуан, Габриела Песион, Том Влашиха, Мун Дејли, Ричард Флад.
Бидете со Сител и во овој термин затоа што “Без граници” дефинитивно нема да ве остави будни.
Дани | ТВ Пакет