Ова лето нема да се случи настапот на Тамара на престојниот Пиво Фест во Прилеп, а ниту пак солистичкиот концерт на Антички во Охрид. Причина е огромниот скандал кој ја потресе јавноста и ги “вжешти” социјалните мрежи. Откако поп пејачката ја извитопери македонската официјална химна на приемот во американската амбасада во Скопје, македонскиот народ остро реагираше во сите отворени емисии на телевизиите и особено со невидени и нечуени навреди и критики на социјалните мрежи.
Денес, пејачката се огласи повторно на социјалните мрежи:
“Врвот е дно”, “Брод што тоне”, “Proud”, “Залудно е” ќе останат неотпеани летово во Прилеп и Охрид како што беше планирано.
Дани | ТВ Пакет